Руски универзитет ги доврши клиничките тестирања на вакцина против вирусот Ковид-19

Медицински работник држи модел на вирусот Корона и вакцина.

Медицински работник држи модел на вирусот Корона и вакцина.

stock photo/Getty Images
Доброволците кои учествуваа во тестирањето немаа сериозни несакани дејствија, така што се смета дека вакцината е безбедна.

Првиот Московски државен медицински универзитет „Сеченов“ објави на 12 јули дека е завршено тестирањето на вакцина за ковид-19 од руско производство. Ова го соопшти Вадим Тарасов, директор на Институтот за транслациона медицина и биотехнологии на Првиот медицински универзитет.

Вакцината е создадена во Националниот научен центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеи“ во соработка со Министерството за одбрана на Русија. Клиничкото тестирање на безбедноста на вакцината е вршено на Првиот медицински универзитет.

Целта на клиничкото тестирање беше да се провери безбедноста, а не ефикасноста на новиот препарат. Научниците планираат до 28 јули да ја завршат следната фаза клинички тестирања, насочени кон проверка на ефикасноста на новата вакцина.

Научниците проценија дека масовното производство на препаратот ќе започне до почетокот на септември 2020 година. Неопходно е таа претходно да добие сертификат од руските медицински органи, а тој процес ќе трае неколку дена и ќе биде завршен до почетокот на август.

Меѓутоа, засега не е јасно како вакцината ќе стигне до клиентите. „Јас не мислам дека таа ќе биде достапна во аптеките во скоро време, затоа што владата, се надевам, ќе го добие препаратот и ќе го распредели на болниците“, вели Александар Гинзбург, директор на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија во кој е создадена вакцината.

Гинзбург се надева дека тогаш болниците бесплатно ќе ги вакцинираат луѓето. Тој, исто така, изрази надеж дека до почетокот на септември и приватните компании ќе бидат вклучени во производството на вакцината.

Досега новата вакцина против Ковид-19 е тестирана на 38 доброволци. Клиничкото тестирање почна на 18 јуни. Во таа фаза научниците ги проверија доброволците и утврдија дека никој од нив нема антитела на Ковид-19. Доброволците со негативен тест на антитела беа изолирани и поминаа две недели во изолација.

Во втората фаза беа поделени на две групи. Испитаниците од првата група добија еднократна доза од новиот препарат, а оние од втората група добија двојна доза.

Научниците велат дека одделни доброволци имале висока температура првите денови по вакцинацијата. И покрај тоа, сите испитаници биле здрави и се чувствувале одлично, така што вакцината е безбедна за користење.

„Тестирањето е успешно извршено. Тоа потврди дека вакцината е безбедна и дека според безбедноста е во рангот на вакцините кои веќе постојат на пазарот. Таа фаза помина успешно“, истакна Александар Лукашев, директор на Институтот за медицинска паразитологија, тропски и трансмисивни болести на Првиот медицински универзитет.

Се соопштува дека доброволците кои добиле еднократна доза на новата вакцина ќе бидат отпуштени од болница на 15 јули, додека оние кои добиле двојна доза ќе бидат пуштени пет дена подоцна, т.е. на 20 јули.

Научниците исто така соопштија дека неопходната изолација на доброволците влијаела на нивната психичка состојба, што предизвикало конфликти и емоционален стрес меѓу нив. Морале да се вмешаат психолози за да ја намалат тензијата меѓу учесниците во тестирањето.

Првиот медицински универзитет не одговори веднаш на барањето да ја коментира ситуацијата.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња