Научниците во Русија работат над три вакцини против коронавирус

Reuters
Во Русија, со учество на научници на Руската академија на науки, се работи над три перспективни вакцини против инфекција од коронавирусот COVID-19.

Ова го објави РИА „Новости”, повикувајќи се на изјавата на потпретседателот на секцијата за медицинско-биолошки науки на Руската академија на науки Владимир Чехонин.

Според него, на биолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ се работи на прототип на „поливалентна вакцина против COVID-19, т.е. вакцина која би била ефикасна против широк спектар на коронавирус, а не само против актуелниот вирус”.

Од друга страна, во Институтот за биоорганска хемија „Шамјакин и Овчиников”, како што соопштува Чехонин, се работи на изработка на вакцина против коронавирус „врз основа на вирус со слични честички со користење на таканаречени „рекомбинантни фрагменти на протеините на коронавирус”.

Чехонин исто така рече и дека Институтот за општа генетика „Вавилов” работи на изработка на вакцина која, според неговите зборови, „на својата површина носи три протеини на коронавирус, што исто така ќе овозможи изработка на поливалентна вакцина”.

Претходно беше соопштено дека Министерството за здравство на Русија за пет-шест месеци ќе почне клинички испитувања на вакцина против инфекција со коронавирус.

Претставничката на Светската здравствена организација во Русија Мелита Вујнович претходно изјави дека вакцина против коронавирусот ќе се појави најрано за една година.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња