Ова го изјави министерот за здравство на Русија Михаил Мурашко, пренесуваат руските медиуми.
„Во федералните клиники се во тек клинички тестирања на пет препарати, меѓу другото од домашно производство, за тешки пациенти, за оние на кои треба благовремено да им се укаже помош за да не дојде до критични состојби“, рече Мурашко на седницата на претседателството на Координативниот совет при владата со раководителите на субјектите на Федерацијата.
Како што истакна министерот, веќе постојат охрабрувачки резултати од тестирањето на вакцините. Во овој момент се работи на забрзување на процесот на производство и регистрација на препаратите.
Претседателот на Русија Владимир Путин претходно изјави дека не е важно само да се направи вакцина, туку и да се произведе во потребните количини. „Со тоа треба да се позанимаваме веќе овој момент. Треба да се работи на подготовка на процесот на производство... Се надевам дека работата ќе биде изведена на адекватен начин“, рече шефот на руската држава.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче