Муницијата ја направи Централниот научноистражувачки институт за прецизна машиноградба, кој е дел од корпорацијата „Ростех“, соопштува агенцијата РИА „Новости“. Направени се два вида муниција: куршум со зголемена пробојност и куршум со намалена брзина на зрното.
Од информативната служба на институтот ги објаснуваат предностите на новата муниција. Куршумот со зголемена пробојност пробива панцир со втора класа на заштита. Тој има поголем дострел од сличните куршуми и истовремено е еден од најмоќните 9-милиметарски куршуми на светот.
Куршумот со намалена брзина на зрното е карактеристичен по остриот раб на предниот попречен пресек на јадрото кој се всечува и по зголемената маса. Благодарение на тоа тој не ја губи кинетичката енергија и пробива панцир со втор степен на заштита. Зрното лета побавно отколку кај сличните модели, така што и истрелот е потивок.
Пиштолот „Удав“ се прави во три варијанти: стандардна воена верзија, воена верзија за специјални операции и цивилна (спортска) модификација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче