Одбранбените структури се заинтересирани за варијантата на новиот руски пиштол „Удав“, кој се произведува во калибар 9х21 мм „Парабелум“. Овој пиштол беше претставен на военотехничкиот саем „Армија-2019“, што се одржа во јуни годинава. Ова на рускиот интернет-портал ТАСС му го пренесе конструкторот на ова оружје Иван Козлов.
Тој рече дека во овој момент во опитно-воена експлоатација во единиците на руската армија се наоѓаат пиштолите „Удав“ со калибар 9х21 мм¹.
Пиштолот го направи ЦНИИточмаш. Неговата должина е 206 мм, висината 145 мм и ширината 36 мм. Поголемиот дел од пиштолот е изработен од суперцврста пластика која ја намалува неговата целокупна маса. Само цевката, затворачот и рамката се изработени од метал. Благодарение на оваа комбинација на материјали, тежината на пиштолот „Удав“ изнесува 780 грама (полн 18 куршуми 980 грама). На пример, неговиот претходник ПМ кој имаше капацитет од осум куршуми тежеше 730 грама, а ТТ 850 грама.
¹ Се работи за домашен куршум првично конструиран за потребите на пиштолот СР-1 „Вектор“ (познат и како преведувач „Ѓурза“ или змија-отровница). Овој куршум има способност да пробие заштитен елек со ниво на балистичка заштита III-A на оддалеченост од 100 метри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче