Рускиот „летечки радар“ А-50У ќе командува од воздух со ловци, бомбардери и дронови

A-50У

A-50У

Виталиј В. Кузмин
Модернизираниот авион за далечинско радарско откривање и управување А-50У, кој поради карактеристичниот облик на моќниот локатор на врвот на трупот се нарекува и печурка или летечки радар, може да командува од воздух не само со ловци, бомбардери и јуришни авиони, туку и со беспилотни летала.

„Со помош на средствата со кои се опремени овие авиони, се управува со авијацијата и убојните средства. Ние денес работиме и активно ги решаваме задачите за управување со беспилотни летала од авион. Сето тоа се случува во единствен информациски простор“, рече генералниот конструктор на концернот „Вега“ Владимир Верба. На тој начин за телевизиската станица „Ѕвезда“ тој ги коментираше уникатните можности на авионот А-50У кој учествуваше во летот над Црвениот плоштад на парадата на 24 јуни.

Ова летало е навистина без пандан. Благодарение на специјалната опрема во која централно место зазема радиотехничкиот комплекс „Шмељ“, во состојба е од голема дистанца да открива и идентификува воздушни, поморски и големи копнени цели, да ја пренесува информацијата до командните центри и да ги наведува авионите со цел напад на откриените објекти.

И додека претходникот на А-50У можеше да разменува податоци во автоматски режим само со пресретнувачите МиГ-31 кои летаат на големи висини, модернизираната верзија на леталото е во состојба да ги пренесе податоците за целта до сите авиони на фронтовската авијација, копнените системи за ПВО и дури ни до беспилотните летала.

На унапредување на основната верзија на летечкиот радар работи претпријатието „Бериев“ во Таганрог. Тие го поставуваат на авионот радиотехничкиот комплекс со подобрени карактеристики. Така што А-50У побргу ги пронаоѓа целите на мали висини, како и тешко забележливите, вклучувајќи ги и оние произведени со помош на „стелт“ технологија, како и крстосувачки ракети и хеликоптери. Покрај тоа, зголемена е постојаноста на електрониката на „печурката“ во однос на средствата за радиоелектронска борба. Постои и место за дополнително гориво. А екипажот доби простор за одмор и кујна.

Според некои информации, Воздушно-космичките сили на Русија добиле шест модернизирани А-50У. Седмиот се очекува наредната година. Освен тоа, врз база на A-50У ќе биде создаден перспективниот авион за радиолокациско набљудување и наведување А-100. Постојат информации дека новиот летечки радар ќе може да открива и следи до 300 цели на растојание од 650 километри и да врши управување со 30 ловци. Притоа авионот ќе може да помине во воздухот до шест часа и да се оддалечува од базата илјада километри.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња