Во Москва одржана генералната проба за Парадата на Победата (ФОТО)

Кирил Зиков/Moskva Agency
Војниците и воената техника протатнеа по улиците на рускиот главен град при генералната проба за парадата која ќе се одржи на 24 јуни.

Преку 14000 припадници на војската, придружени од 300 единици воена техника, ја поминаа ноќта на 18 јуни парадирајќи по улиците во центарот на Москва и преку Црвениот плоштад.

Московјаните имаа можност да ја набљудуваат пробата по неодамнешното укинување на мерките за изолација поради епидемијата на COVID-19 во рускиот главен град.

Оваа колона од лесна и тешка техника ја сочинуваат 300 возила. Меѓу нив има противвоздушни системи С-400 и „Панцир-С1“, тенкови „Армата“ Т-14, како и самоодни хаубици „Коалиција-СВ“ и „Мста-С“.

Пробите за воената парада кои се одржуваат секоја година претставуваат единствена можност за жителите на Русија одблизу да ја видат најновата воена опрема. Тука прочитајте повеќе за новитетите кои ќе бидат претставени на 24 јуни.

Градската полиција во центарот на Москва пред маршот.

Луѓето прават селфи и ги поздравуваат војниците на оклопните возила.

Оваа година на руската војска ѝ се приклучија и единиците на воената полиција кои го одржуваа редот во сириските градови кои во декември 2016 година ги ослободи сириската војска.

Неколку моменти пред да промаршираат „металните ѕверови“ по главната московска улица.

Арктички противвоздушен ракетно-топовски систем „Панцир-С“ и противвоздушен ракетен систем „Тор-М2ДТ“, како и возила за поддршка, специјално проектирани за условите на Далечниот Север, поминуваат по улицата „Арбат“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња