Раѓањето на „Црната ајкула“: Зошто како замена на Ми-24 е избран хеликоптер од друг тип

Ka-50

Ka-50

Роман Денисов/Russian Look/Global Look Press
На 17 јуни 1982 година го изврши својот прв лет опитниот ударен хеликоптер В-80, кој подоцна беше наречен Ка-50 „Црна ајкула“. Така почнаа да го нарекуваат по филмот од 1993 година со сличен назив во чие снимање учествуваше хеликоптер Ка-50.

Во седумдесеттите години основен борбен хеликоптер на СССР беше Ми-24. Со оглед на тоа дека Ми-24 беше комбиниран хеликоптер за десантирање мали одреди, раководството на земјата бараше силен ударен хеликоптер од новата генерација. За проектот се бореа две конструкторски бироа - МиЛ и „Камов“. Конструкторското биро „Камов“ веќе имаше искуство со хеликоптери со две елиси. Поради тоа стекна предност во новиот проект.

Во 1981 година „Камов“ го заштити својот проект, а веќе во 1982 беше готов првиот прототип. На 17 јуни 1982 година В-80 првпат полета. Пробен пилот беше Херојот на СССР Николај Бедентов.

И заводот МиЛ го прикажа својот хеликоптер Ми-28. Но, 1983 година раководството на СССР му даде предност на проектот Б-80. Тие сметаа дека машината на „Камов“ има подобри летечко-технички карактеристики. Предноста над Ми-28 беше демонстрирана во 27 испитни летови. Во октомври 1984 беше потпишана наредба за подготовки за сериско производство на машината на „Камов“.

Во септември 1985 година повторно беше спроведено паралелно испитување на двата хеликоптера. Комисијата на Министерството за одбрана му даде предност на проектот В-80 за улогата на ударен хеликоптер. Од 1990 до 1993 година Ка-50 помина уште два типа испитувања, за конечно на 28 август 1995 година да биде воведен во вооружување.

Ка-50

Хеликоптерот Ка-50 е двомоторен ударен хеликоптер едносед со рамно крило. Кабината на пилотот е херметички затворена и оклопена. Штити од калибар 12,7 мм и гелери на гранати калибар 23 мм. Општата маса на оклопот е 350 кг.

Хеликоптерот е вооружен со автоматски топ 2А42 калибар 30 милиметри. Максималниот комплет на топот е 460 гранати. Хеликоптерот поседува широк дијапазон на ракетно вооружување, како и бомби. Во борбени дејствија учествуваше во Чеченија и Сирија.

Прочитајте повеќе: Од „Црна ајкула“ до „Алигатор“: Трите најдобри руски хеликоптери „Камов“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња