Угледниот американски магазин „Национален Интерес“ го нарече овој хеликоптер летечки тенк, истакнувајќи дека Ка-50 не само што е добро наоружан и оклопен, туку има и неверојатни маневарски способности.
Според авторот на текстот, наместо вообичаениот главен и опашест пропелер, Ка-50 има два главни пропелери кои се вртат во спротивни насоки и обезбедуваат поголема маневарбилност во споредба хеликоптерите кои имаат пропелер на опашката.
Освен тоа, Ка-50 е еден од малубројните хеликоптери со систем за катапултирање на пилотот. При негова активација доаѓа до отфрлање на лопатките на роторот и горниот дел на капакот на кабината.
Хеликоптерот може да носи различни видови ракети од класата „воздух-земја“. Исто така, Ка-50 на десното крило има 30-милиметарски топ кој е во состојба да погодува со голема прецизност.
„Сериозниот оклоп го штити Ка-50 од оган од земја. Капакот на кабината е во состојба да издржи удар на муниција со калибар 12,7 мм, а кабината е заштитена од гранатирање од оружје со калибар 23 мм. Лопатките на роторот се направени од композитен материјал и можат да издржат неколку погодоци од автоматско оружје“, се наведува во статијата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче