Актуелно: Во 2020 година рускиот тежок дрон „Охотник“ започнува да „фрла“ бомби и лансира ракети

Youtube
Во наредната 2020 година рускиот воено-индустриски комплекс планира да продолжи со тестирање на тешкиот ударен дрон С-70 „Охотник“. Притоа на воениот полигон Ахтубинск првпат ќе биде применето и ударното оружје што руското перспективно летало ќе го има во својот арсенал.

Ова го пренесе интернет-порталот ТАСС врз основа на информации од неименуван извор од руската воена индустрија. Тој рече дека новата фаза тестирања на перспективното беспилотно летало С-70 „Охотник“ ќе започне следната година. Таа ќе подразбира испитување на неговите ударни можности со употреба на воздухопловни убојни средства. Планирано е овој блок тестирања да се спроведе на полигонот 929 на Државниот експериментален центар, кој е под директна надлежност на руското Министерство за одбрана - се наведува во текстот на рускиот сајт РГ.

Годинава руското беспилотно летало „Охотник“ успешно ги реализираше експерименталните летови без оглед на времето на денот или временските услови. Тоа ќе има способност да дејствува потполно самостојно или во координација со авионите-ловци од петта генерација Су-57, како и со други летала од ист тип.

Интернет-порталот РГ веќе пишуваше за неговиот прв лет што беше реализиран на 3 август оваа година. Притоа „Охотник“ остана во воздух 20 минути на висина од околу 600 метри. Еден месец и половина подоцна, С-70 „Охотник“ го изврши својот прв заеднички лет со повеќенаменскиот авион-ловец Су-57. Притоа беше зголемена должината на летот која изнесуваше 30 минути. Висината на која летаа воздухопловите беше на граница од 1600 метри.

Прочитајте повеќе: АКТУЕЛНО: Беспилотниот С-70 „Охотник“ го реализира својот прв лет во содејство со ловецот Су-57

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња