Германците забележаа „руска трага“ во летот на вселенските бродови на Илон Маск

Ракетата SpaceX Falcon 9 со астронаутите Роберт Бенкен и Даглас Хeрли во вселенскиот брод Crew Dragon.

Ракетата SpaceX Falcon 9 со астронаутите Роберт Бенкен и Даглас Хeрли во вселенскиот брод Crew Dragon.

(NASA/Joel Kowsky) NASA via globallookpress.com
Илон Маск и неговата компанија SpaceX ја прекопирале „од Русите“ концепцијата на одвоен транспорт на луѓе и товар во вселената.

Во новата „постшатловска“ концепција на САД многу нешта се изменети во однос на претходната состојба, почнувајќи од материјалите од кои се прават вселенските бродови па до економскиот модел и модата, пишува германскиот весник Der Tagesspiegel.

„Во новата „постшатловска“ концепција Американците принципиелно го изменија (а принципот го копираа од Русите) начинот на транспорт на луѓе и товар. Претходно вселенскиот шатл можеше (и мораше) да носи тони материјали и преку 20 члена на екипажот“, пишуваат авторите на статијата наведувајќи дека „Русите од самиот почеток се ориентираа на одвоено лансирање на вселенските „товарњаци“ и пилотираните бродови“.

Според мислењето на Илон Маск, одвоениот транспорт на луѓе и товар во вселената е целисходен и поради други причини, пишува „Тагесшпигел“. На пример, SpaceX во среднорочна перспектива има намера, покрај товар и астронаути, во вселената да вози и туристи. „Впрочем, и во тоа пионери беа токму Русите, кои уште 2001 година го „повозија“ туристот Денис Тит до Меѓународната вселенска станица“, заклучува германскиот весник.

Во неделата пилотираниот вселенски брод Crew Dragon ги однесе на МВС астронаутите на НАСА Даглас Херли и Роберт Бенкен. Тоа за Американците беше првиот пилотиран вселенски лет по пауза од девет години.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња