Појавата на компанијата SpaceX на Илон Маск ја принуди руската вселенска агенција „Роскосмос“, која „почиваше на ловорики“, да започне да работи на нови ракети, изјави директорот на државната корпорација за космонаутика Дмитриј Рогозин на форумот „Машук“.
Рогозин изјави дека појавувањето на Илон Маск позитивно се одразило врз дејноста на „Роскосмос“, пренесува РИА „Новости”.
„Почивавме на ловориките на славата, сè ни беше тамам, 40% од целиот пазар на услуги за лансирање во вселената држевме под контрола, а сега имаме предизвик пред нас“, рече тој.
Според Рогозин, цените на Масковите ракетни лансирања се „непазарни и неправедни“.
„Тој за Пентагон ги работи лансирањата трипати поскапо, што му овозможува да го користи профитот за да ги спушта цените на светскиот пазар, да врши дампинг“, се пожали директорот на „Роскосмос“.
Рогозин истакна дека дури и во таква ситуација „Роскосмос“ работи на нови ракети, кои ќе бидат конкурентни на светскиот пазар.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче