По лансирањето на вселенското летало со екипаж Crew Dragon, што го изведе компанијата на Илон Маск SpaceX, новинарите го прашаа Маск дали рускиот колега, првиот човек на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин, му честитал.
Шефот на НАСА Џим Брајденстин рече дека сé уште не разговарал со Рогозин, но дека веќе ги примил и ги прочитал честитките од „Роскосмос“.
„Ова е важен ден не само за нас, туку и за нив... Тие веруваат во соработката и мислам дека истата ќе остане силна“, објасни шефот на американската вселенска агенција.
Маск го коментираше лансирањето на капсулата Crew Dragon на шеговит начин.
„Трамбулината функционира“, рече шефот на SpaceX и се насмеа, што може да се види на профилот на НАСА на „Твитер“.
Дмитриј Рогозин во 2014 година, по воведувањето на американските санкции против Русија, рече дека НАСА „со трамбулина“ би можела да ги праќа своите астронаути на МВС.
Лансирањето на капсулата Crew Dragon со два астронаути се реализираше во САД првпат по девет години. Капсулата, закачена на моќната ракета Falcon 9, беше лансирана на 30 мај од базата Кејп Канаверал на Флорида.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче