Руската армија во подготовките за воената парада ангажира модернизирани Су-25СМ3 (ВИДЕО)

Youtube
На воената парада, која беше одложена поради пандемијата на коронавирусот, ќе учествуваат околу 43 илјади војници кои ќе бидат надлетани од околу 120 единици воздухопловна техника и следени од преку 800 единици современа борбена техника и вооружување, вклучувајќи го и она кое беше актуелно во Втората светска војна.

Министерството за одбрана на Руската Федерација објави видеоматеријал на кој се гледаат подготовките за Парадата на Победата. Главната улога во овој филм ја имаат пилотите на јуришната авијација кои се наоѓаат во состав на бомбардерските ескадрили на Јужниот воен округ (скр. ЈВО), пренесува веб-порталот RT.

Во вежбата учествуваа вкупно 30 авиони Су-25, вклучувајќи и летала кои поминаа модернизација на стандардот Су-25СМ3.

Во план е на 24 јуни оваа година да се одржи воена парада по повод одбележувањето на 75 годишнина од победата во Втората светска војна. Во неа ќе земат учество околу 43 илјади војници со околу 120 единици воздухопловна техника и преку 800 единици современа борбена техника и вооружување, вклучувајќи го и она кое беше актуелно во Втората светска војна.  

Су-25СМ3 – „летечки тенк“ со исклучителни борбени способности

Су-25СМ3 претставува длабока модернизација на познатиот советски јуришник Су-25 „Грач“. Основата на пакетот СМ3 претставува интеграција на новиот оптоелектронски комплекс СОЛТ-25, кој по своите севкупни карактеристики претставува сериозен исчекор кога се во прашање овие системи. СОЛТ-25 претставува повеќеканален комплекс кој покрај ТВ-канали има термовизиска камера и ласерски далечинометар. Благодарение на своите напредни карактеристики тој може успешно да детектира голем број „точкести“ цели на сериозни далечини и тоа во сите временски услови (ден/ноќ). Се одликува со висок степен на автоматизација, што до крајни граници ја поедноставува работата на пилотот. Исто така, значително е унапредени и кокпитот на авионот кој е збогатен со нов Head-up дисплеј, како и дополнителни екрани кои му помагаат на пилотот при контролата на статусот на главните системи на авионот.

Авионот е сериозно модернизиран и кога е во прашање неговата оклопна заштита. Пакетот оклопна заштита се состои од комбинација на оклопни плочи изработени од титаниум и специјални челици. Особено се зајакнати виталните делови на авионот, кои се удвоени и можат да издржат погодок на граната кал. 30 мм. За заштита од лпрс који се лансираат од рамо е задолжен системот за противелектронска борба „Витебск“. Наменет е да го штити авионот од противнички ракети опремени со инфрацрвени, ултравиолетови, оптички и радарски глави за самонаведување.

Она што е посебно интересно е проширувањето на неговите тактички карактеристики за борба против воздушни цели. Имено, благодарение на интегрираната опрема овие авиони добија можност за употреба на воздухопловните ракети од класата „воздух-воздух“ со среден дострел Р-77 и Р-27. Значи, станаа ловци-бомбардери.

Во моментов во составот на ВКС на РФ се наоѓаат 4 јуришни авиополкови и неколку самостојни ескадрили опремени со авиони Су-25. Треба да се очекува во близок временски период сите овие единици да бидат вооружени со новите суперјуришници Су-25СМ3.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња