Руски научници направија компјутерска симулација на нова верзија на настанокот на Месечината

Mike Blake/Reuters
Според новата концепција, Месечината и Земјата се формирани истовремено како двоен систем со фрагментација на облаци од честички прав.

Руските научници со компјутерска симулација потврдија дека Месечината можела да настане истовремено со Земјата, а не како последица на судар на нашата планета со небеско тело. Ова во интервју за агенцијата ТАСС го соопшти Александар Блошенко, извршен директор на корпорацијата „Роскосмос“ за перспективни програми и наука.

„Во текот на изминатите години руските научници ја изнесоа и образложија новата концепција, според која Месечината се формирала истовремено со Земјата како двоен систем поради фрагментација на облаци од честички прав“, рече Блошенко. Тој додаде дека оваа хипотеза е потврдена со резултати на компјутерска симулација.

Стручњакот на „Роскосмос“ истакна дека Месечината е само 13 милиони години помлада од Земјата, за која се проценува дека е стара 4,5 милијарди години.

Блошенко потсети дека до неодамна најприфатлива беше хипотезата според која Месечината настанала како последица на судар на Земјата со големо вселенско тело со големина на Марс. Во тој судар огромна маса материја на Земјата и делумно материја на небесното тело се истопила на голема температура и во тој вид е исфрлена во Земјината орбита, каде што се формирала во компактно небеско тело од кое настанала Месечината.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња