Учесниците на експериментот со имитација на лет на Месечината SIRIUS-19 ја почнаа четиримесечната работа во Наземниот комплекс во Москва.
Точно во 14:00 по московско време мешовитата посада пристапи кон четиримесечна имитација на експедиција на Месечината во рамките на проектот Sirius, пренесува дописникот на агенцијата „Интерфакс“.
Експериментот се изведува во Москва, на просторот на Наземниот експериментален комплекс на Институтот за медицинско-биолошки проблеми при Руската академија на науки.
„Овој четиримесечен експеримент имитира лет на шестчлен екипаж до Месечината, потоа кружење во потрага по место погодно за спуштање на четири члена на екипажот да се спуштат на тлото на Месечината, престој во орбитата на Месечината заради прием на транспортни вселенски бродови и далечинско управување со лунарен ровер со цел подготовка за изградба на база, и на крај, враќање на Земјата“, соопшти претходно главниот менаџер на експериментот Марк Белаковски.
Главниот и резервниот екипаж ги сочинуваат пилотот-космонаут Евгениј Тарелкин, Полина Кузнецова, Анастасија Степанова, Дарја Жидова, Артјом Књазев, Дмитриј Глухих, Стефанија Федјај (сите од Русија), Данил Дубар (Белорусија), Рејнхолд Повилаитис (Reinhold Povilaitis, САД) и Ален Миркадиров (Allen Mirkadyrov, САД). Тие ќе извршат околу 80 експерименти, ќе увежбаат „лет“ на Месечината и „спуштање“ на нејзиното тло.
Покрај членовите на екипажот во експериментот учествуваат и стручњаци од државната корпорација „Роскосмос“, ракетно-космичката корпорација „Енергија“, Центарот за обука на космонаути „Гагарин“, KBRwyle (САД), Airbus DS (Германија) и други компании од аерокосмичкиот сектор од десетина земји од светот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче