Модел на „Луноход-2“
SputnikВселенската станица „Луна-21“ слета на површината на Месечината на 15 јануари 1973 година – со себе го носеше лунарниот модул „Луноход-2“. Од 16 јануари до 10 мај модулот помина 42 км и испрати околу 86 панорамски слики и 80000 фотографии до Земјата пред да прегрее и да престане да работи откако некаква прашина му се залепи на телото.
Денес, по 45 години, компанијата „Руски космички системи“ објави декласифициран извештај за работата на станицата и модулот. Целиот текст на руски јазик е достапен преку линкот.
Во извештајот се содржат имињата на сите вработени и е опишана опремата, целите на мисијата, подготовката, истражувањето и испитувањето. Згора на тоа, овој уникатен документ ги прикажува сите аспекти на движењето на лунарниот модул, проблемите што ги искусил и нивното можно решение.
Исто така, од досието јасно се гледа дека преносот на информациите за мисијата бил преку оптичко-ласерски канал насочен кон Месечината и нивен пренос во обратен правец.
Прочитајте зошто СССР не испрати човек на Месечината?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче