Различни извори велат дека првите „седумдесет двојки“ се употребени во епицентарот на воените судири во Либан, во јуни 1982 година. Тогаш во долината Бека сириските оклопно-механизирани единици беа ангажирани во спречувањето копнена инвазија на израелската војска, пренесува веб-порталот РГ.
Меѓутоа, вистината е дека тенковите произведени во Нижни Тагил ја поминаа воената проверка цели две години порано, и тоа во Ирачко-иранската војна. На веб-порталите постојат видеоматеријали кои ја докажуваат оваа претпоставка. Така, во октомври 1980 година е забележано префрлување на овие тенкови на првата линија на фронтот со помош на камиони-тегначи. Судејќи според сé, оклопно-механизираните единици опремени со овие тенкови биле ангажирани за затворање на тогашната јужна секција на фронтот.
Т-72 почнаа да се испорачуваат во Ирак 1979 година. За само две години оваа земја набави 100 експортни верзии на тенкот Т-72 со пакетот модификација „Урал-1“. Благодарение на својот 125-милиметарски тенковски топ со мазна цевка, овие тенкови имаа значителна предност во борбите со американските тенкови М60 и англиските тенкови Chieftain, што беше повеќе пати и демонстрирано при тенковските дуели.
Во првата фаза на оваа војна вкупните загуби на новите тенкови набавени од СССР во однос на моделите Т-55 и Т-62 беа драстично мали. Исто така, новата генерација советски тенкови ги надминуваше своите потенцијални противници кога е во прашање степенот на оклопна заштита, подвижноста, сигурноста и едноставноста на одржувањето.
Во јануари 1982 година во ирачката армија влезе голем број унапредени модификации кои наместо оптички добија ласерски нишани-далечинометри.
Што се однесува до основните борбени тенкови од првата испорачана партија, таа беше ангажирана во текот на целата Ирачко-иранска војна, а имаше учество и во Заливската војна. Одделни примероци на овие тенкови учествуваа и во борбите при агресијата на САД во 2003 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче