Т-72Б3 - Илустрација
Александар Вилф/SputnikБорбени возила прекриени со камуфлажни шарки јуреа со голема брзина и пукаа од своите топови калибар 125 мм. Одеднаш, еден од тенковите сврте налево и пробивајќи ја преградата се исправи силно како коњ на задните нозе и сето тоа само неколку метри пред трибината со гледачи, додека долгата цевка на орудието го параше небото. Импресивен облак од бела прашина се крена во воздухот.
Посетителите кои го следеа „маневарот“ се чини дека воопшто не се исплашија и демонстрацијата ја примија со воодушевени извици и аплауз.
" I said turn left Rajiv ' ..the other left..🙃🙈🙊
— Harry Boone (@towersight) January 16, 2020
Indian T-72 demo 🙈😱 pic.twitter.com/BM52nNH4yD
Според тврдењата на Индијците, маневарот бил изведен како дел од специјалната демонстрација и во никој случај не ги загрозил присутните.
Во Индија на 15 јануари традиционално се одбележува Денот на армијата. Тогаш се одржуваат воени паради и се покажуваат можностите на борбената техника. Таквите програми се речиси незамисливи без борбени тенкови.
Без оглед на тоа што во моментов е основно борбено возило Т-90С „Бишма“ (Bhishma), произведено според руска лиценца, на ваквите манифестации учествува и Т-72М1. Тенковите со локалната ознака Ajeya добија помоќни мотори, динамична заштита, надградени нишански системи, како и нови средства за врска и навигација.
Индија има импресивен парк со тенкови Т-72, во 2016 година имаше околу 1950 такви борбени возила во нејзините оклопни единици. Тие беа произведени прво според советска, а потоа и руска лиценца со ознаката Ajeya, пренесуваат руските медиуми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче