Без оглед што на фотографијата се гледа популарната „седумдесет двојка“ која е конструирана пред речиси половина век, овој тенк и понатаму е според своите тактичко-технички карактеристики многу употреблив во услови на современ судир. На фотографијата се гледа дека на предниот дел од тенкот се монтирани два импровизирани контејнери заварени на бочните страни на куполата. Овие контејнери судејќи според сé се наполнети со песок или чакал, пренесува веб-порталот РГ.
Еще один вариант модернизации Т-72 в Сирии. pic.twitter.com/WnkfiR5LxX
— Ivan O'Gilvi (@o_gilvi) May 6, 2020
Ваквиот вид унапредувања на оклопната заштита на тенкот судејќи според сé нема многу да помогнат против современите противтенковски системи кои се премени со наведувани ракети со тандем-кумулативни боеви глави. Меѓутоа, оваа заштита секако дека може да помогне во борба против рачните ракетни фрлачи кои се многу распространети на фронтот.
Внимание привлекува и тешкиот митралез со калибар 12,7 мм НСВТ „Утјос“¹ кој се наоѓа на местото на командирот на тенкот, а кој е заштитен со панцирни плочи. На овој начин многу ефективно може да се сочува животот на нишанџијата на митралезот од непријателски оган од стрелечко оружје (главно снајпери – заб. на прев.), како и од шрапнели од гранати.
Ова не е единствениот начин на „сириска“ модернизација на основниот борбен тенк Т-72. На други тенкови од овој тип се интегрирани противкумулативни заштитни решетки, комплекси за оптоелектронско попречување Scarab во три различни варијанти, кои се особено ефикасни против антитенковски ракетни системи кои за детекција и нишанење користат ТВ/ИЦ оптоелектронски уреди. Сите овие модификации во пракса го зголемија степенот на преживување на тенкот во судир со разни терористичко-бандитски групации кои и понатаму се присутни во оваа држава.
¹ Модерно решение за тешкиот митралез кој се наоѓаше на врвот на куполата е вградување на далечински управувана борбена станица која се наведува од возилото. Притоа нишанџијата не мора да излегува надвор од тенкот, што драматично ги зголемува неговите шанси за преживување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче