„Беше понижувачки“: Зошто американските асови толку многу се плашеа од советскиот ловец МиГ-15

МиГ-15

МиГ-15

Getty Images
Она што пред него не успеаја германските „Месершмит“ и „Фоке-Вулф“, го изведе на небото над Кореја советскиот ловец МиГ-15, истиснувајќи ја од воздушниот простор бомбардерската авијација на САД. Со појавата на млазните МиГ-ови, „супертврдините“ Б-29 се решаваа на борбени летови само ноќе, пишува американскиот магазин Air&Space.

Сé до утрото на 30 ноември 1950 година Б-29 се чувствуваа како господари на корејското небо. Меѓутоа, тој момент за американското Воено воздухопловство настана кошмар, пишува американскиот магазин.

Тоа утро стрелецот на Б-29 кој изведуваше напад врз воена база на Северна Кореја здогледа на хоризонтот една точка. Таа за миг му се доближи и се претвори во мал авион, истрела во трупот на бомбардерот топовски рафал и молневито исчезна. Ловците во придружбата поитаа по „дрскиот напаѓач“, но не видоа ништо освен точка на хоризонтот.

Оштетениот бомбардер успеа да се врати во базата, а со извештајот на стрелецот со молневита брзина се запознаа другите екипажи кои западнаа во очај.

„Сите беа уплашени. Во текот на подготовките за задача добивме информација за пресретнување. Бев уплашен како никогаш претходно во животот“, рече поранешниот стрелец на Б-29 Ерл Мекгил. Во текот на летот го немаше вообичаениот муабет во внатрешната мрежа, екипажот молчеше напнато. Во октомври 1951 година МиГ-овите во текот на еден ден, наречен „црниот вторник“, соборија шест бомбардери.

МиГ-15

„Го видов ловецот. Се забележуваше само ситна силуета. Отворив оган“, рече Мекгил.

Со гаѓаниот ловец управуваше Порфириј Овсјаников. Замолен да го оцени стрелечкото оружје на Б-29, советскиот пилот одговори: „Многу добро. Но, трите топа со кои е вооружен МиГ-от ни овозможија да отвориме оган од 700 метри, затоа можевме да напаѓаме групи Б-29 од безбедно растојание“.

Американците итно префрлија во Кореја ловци F-86 Sabre кои штотуку беа воведени во вооружувањето. Тие беа многу слични на МиГ-овите. Толку што Американците дури и соборија неколку свои авиони.

F-86E Sabre

На небото над Кореја се сретнаа асови со борбено искуство од Втората светска војна. Sabre подобро маневрираше во хоризонтална рамнина, МиГ имаше одлична брзина на искачување и моќно вооружување. Пилотите ја засноваа тактиката на борбата на специфичностите на леталото.

„Тоа беше понижувачки“, призна пензионираниот генерал-потполковник на Военото воздухопловство на САД Чарлс Дик Кливленд, сеќавајќи се на својата прва борба против МиГ-15.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња