МиГ-15
Getty ImagesЗа време на Корејската војна се одвиваа некои од највозбудливите воздушни битки во историјата. На советските пилоти не им било лесно. Можеле да летаат само под ознаките на воздушните сили на војската на Народна Република Кина или на Северна Кореја. Освен тоа, во воздух можеле да комуницираат само на мандарински или на корејски, додека рускиот бил строго забранет. И уште нешто: руските пилоти под никакви околности не смееле да пријдат на 38 паралела (границата помеѓу двете Кореи) или на брегот.
Николај Сутјагин е роден во 1923 година во близина на Нижни Новгород. Во март 1941 година се приклучил на Црвената армија и како член на аероклубот бил испратен на обука за воени пилоти.
Стекнал определено борбено искуство во војната против Јапонија на крајот од Втората светска војна, но немал урнато ниту еден авион.
Николај Сутјагин
WikipediaВо 1950 година целата негова дивизија беше опремена со нови борбени авиони МиГ-15. Сутјагин на нив имаше изведено 54 лета пред единицата да биде преместена во 64 борбен воздушен корпус кој имаше бази на самата граница со Кореја.
„Нè облекоа како кинески доброволци, многу се смеевме“, има напишано Сутјагин во својот дневник. „Изгледавме многу смешно во тие памучни сини виндјакни, со широки и набрани панталони и чевли наместо нашите чизми. (...) На нашите авиони стоеја кинески ознаки“.
МиГ-15 беше главниот фактор за советската надмоќ. Руските пилоти лесно можеа да се подигнат на голема висина, каде никој нема да ги следи, и да се нафрлат на противникот.
МиГ-15
TASSОсвен тоа МиГ-15 беше побрз, па Американците наскоро во борба го испратија својот најдобар ловец – Ф-86. Советските и американските авиони беа толку слични што пилотите често ги гаѓаа своите. Неочекуваната појава на ваков напреден советски ловец и неговата сличност со Ф-86Е Сабре доведоа до тоа да се зборува дека станува збор за ист авион, односно дека Советите ги украле американските разработки.
Американски Б-29 фрлаат бомби на Кореја, 1951 година.
АрхиваМиГ-овите, покрај останатото, беа вооружени со топови кои можеа да погодат мета на оддалеченост од 1.000 метри, додека американските бомбардери Б-29 имаа дострел од 400 метри.
Во моментот кога ја напушташе Кореја во февруари 1952 година, Сутјагин имаше 66 воздушни борби во кои беше урнал 22 американски и британски авиони. Тоа е максимално количество соборени авиони за време на Корејската војна. Сутјагин го надмина најдобриот американски пилот Џозеф Кристофер Меканел за 6 соборени авиони.
Ф-86Е Сабре
AрхиваДоколку го земеме предвид и фактот дека никогаш не бил соборен, ниту ранет, Сутјагин е најдобриот ас во светската историја на ловечката авијација.
По враќањето од Кореја награден е со Златна ѕвезда и со звање Херој на СССР, а набргу потоа доби и чин генерал-мајор
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче