„Национален Интерес“: Овие пет подморници можат да ја уништат планетата за само 30 минути

Интернет-портал „Бог-рата“ (mars.online)
Американските воени експерти сметаат дека најстрашните борбени средства војна досега направена од човекот се стратешките нуклеарни подморници-ракетоносци, кои носат огромна количина ракети со нуклеарни боеви глави. Во текстот се забележува дека разорната моќ на овие подморници е „монструозна“. Тие можат од лицето на земјата да збришат стотици цели со најголема концентрација на население, а целата планета да ја затрупаат со радиоактивна пепел“.

Американскиот специјализиран весник „Национален Интерес“, кој се занимава со модерното оружје и воената технологија, објави текст во кој наведува пет најмоќни подморници на светот. Интересно е да се истакне дека повеќето од тие подморници се од руско производство, пренесува веб-порталот „Ѕвезда“.

Во текстот се наведува список на петте најопасни нуклеарни подморници, од кои некои сè уште не се наоѓаат во оперативно вооружување (како што е случајот со американската перспективна стратешка јуришна подморница од класата „Колумбија“ - заб. на авторот). Според американските експерти, во првите пет најдобри подморници на светот се најдоа три руски подводни „чудовишта“.

Според мислењето на авторот на овој текст, стратешките подморници на нуклеарен погон, кои носат интерконтинентални балистички ракети опремени со термонуклеарни боеви глави, спаѓаат во најразорното оружје кое кога-било е создадено од човекот.

Еден од фаворитите на овој весник е стратешката нуклеарна јуришна подморница од проектот 955 „Бореј“. Подморницата е вооружена со 16 балистички ракети „Булава“, кои поединечно можат да носат до десет независно насочени боеви глави. Дострелот на овие ракети е околу 8500 километри. Покрај респектабилното ракетно-торпедно оружје, овие подморници имаат уште една исклучително важна карактеристика. А тоа е дека тие практично се нечујни при своето борбено патролирање по светските мориња. Ова е решено со исфрлање на бучниот пропелер и со вградување на хидро-млазен погон, кој со помош на млазниците обезбедува стабилно движење на подморницата под морската површина. Континуираната моќност на овој погон ја обезбедува нуклеарниот реактор ОК-650 од 200 мегавати. Дополнително намалување на бучавата е постигнато и преку конструкциските иновации при изработката на трупот на подморницата, каде што е применета технологија на тнр. двокаскадна амортизација, каде што секој отсек на подморницата е дополнително изолиран од нејзиниот труп. Целиот труп на подморницата е покриен со специјална еластична подлога, слична на пластична гумена маса, која оневозможува нејзино откривање со помош на хидроакустични уреди.

„Национален Интерес“ во својот рејтинг ја вклучи и атомската подморница од проектот 667БДРМ „Делфин“. Како што истакнува весникот, овие подморници денес се основата на руската стратешка подводна флота. „Делфин“ е вооружен со 16 тристепени балистички ракети Р-29МУ2 „Синева“, која за својот погон користи течно ракетно гориво. Една „Синева“ може да понесе 4-8 независно насочени боеви глави, а нејзиниот максимален дострел е околу 11500 километри. Подморницата може да лансира балистички ракети од длабочина од 55 метри при брзина на подморницата од 6 до 7 јазли (околу 11-13 км/час)“, пишува американското списание.

И третата руска подморница која се најде во состав оваа петорка е повеќенаменската нуклеарна подморница 885М „Јасен-М“, која е вооружена со 32 крстосувачки ракети „Калибар“. Овие ракети се способни, покрај конвенционалните, да носат и атомски боеви глави, со кои можат да гаѓаат цели на оддалеченост и до 2500 км. Според весникот, подморниците од класата „Јасен“ се многу брзи, неверојатно тивки и имаат исклучително софистицирана сензорика.

Во овој список влегоа и две американски нуклеарни подморници од класите „Охајо“ и „Колумбија“.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња