National Interest:Американската морнарица не може да им влезе во трага на подморниците класа „Јасен“

Sputnik
Американците сметаат дека руските подморници од проектот „Јасен“ можат да бидат голем проблем за Воената морнарица на САД.

„Воената морнарица на САД не може да им влезе во трага“ – така почнува статијата во магазинот „Национален Интерес“. Како пример се наведува случај кога подморницата „Северодвинск“, која припаѓа на проектот „Јасен“, влегла во Атлантикот и „исчезнала“. Неколку недели американската воена морнарица ја барала таа подморница и не можела да ја пронајде.

„Северодвинск“ му оставила толку силен впечаток на еден висок офицер на американската подводна флота што тој во својот кабинет поставил нејзина макета. Тоа го сторил за да постојано има на ум со какво оружје си има работа воената морнарица на САД, пишува „Национален Интерес“.

„Ние ќе се соочиме со многу силни потенцијални непријатели. Доволно е да фрлите поглед на „Северодвинск“. Јас сум толку импресиониран од таа подморница што замолив да ми направат нејзина макета“, се наведуваат во статијата зборовите на контраадмиралот Дејв Џонсон изговорени 2014 година.

„Национален Интерес“ истакнува дека „Северодвинск“ е модерна подморница во чија изградба се користени одредени технологии кои Советскиот Сојуз ги проучувал во текот на 1980-тите. Подморницата има голем и многу чувствителен сонар, сместен во носниот дел, додека торпедните апарати се наоѓаат во средниот дел на „Северодвинск“.

Трупот на подморницата е направен од нискомагнетен челик, што значително го намалува интензитетот на нејзиното магнетно поле. Конструкцијата е таква што само носниот дел има лесен труп, додека во останатите делови на подморницата трупот е дополнително зајакнат.

За „Северодвинск“ е карактеристичен и високиот степен на автоматизација, така што на оваа подморница не ѝ е потребен многуброен екипаж. Авторот на статијата исто така истакнува дека „Северодвинск“ веројатно ќе биде првата подморница која ќе биде вооружена со хиперсонични ракети „Циркон“.

Весникот нагласува дека руската подморница е „тивка како глушец“. Претставниците на американската воена морнарица велат дека Русија и онака има ефикасни подводни сили, а дека конкретно „Северодвинск“ е потполно нова класа подморници, многу ефикасна и многу тивка, што во подводна војна е најважно.

„Ако во мирнодопски услови ѝ изгубите трага на подморница, тоа е голема главоболка. А ако ѝ изгубите трага за време на конфликт, тоа е смртоносно“, пишува американскиот весник.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња