Ловци МиГ-31БМ на Тихоокеанската флота изведоа заедничка вежба со суперсонични бомбардери Ту-22МЗ на стратешката авијација на Воздушно-космичките сили на РФ. Маневрите беа изведени над водите на Јапонското и Охотското море и во Тихиот океан.
Четири стратешки суперсонични бомбардери Ту-22М3 полетаа од своите матични аеродроми на Камчатка. Во текот на тактичката воена вежба ракетоносците ги следеа два висински ловци-пресретнувачи МиГ-31. Потоа авионите на Тихоокеанската флота увежбуваа пресретнување на воздушни цели.
Во една епизода на воената вежба авионите Ту-22М3 играа улога на условен непријател. Ловците МиГ-31БМ имаа задача да ги осуетат „непријателските“ планови. Пресретнувачите ја открија групата авиони и ги нападнаа.
Во воздушниот бој авионите на Тихоокеанската флота МиГ-31 најпрвин ја неутрализираа придружбата на „непријателските“ бомбардери а потоа отворија електронски оган врз нив со ракети од класата „воздух-воздух“.