Птица не може да прелета: Како МиГ-31 пресретнува авион кој го „повредил“ рускиот воздушен простор

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
На Камчатка ловец-пресретнувач МиГ-31 пресретна авион на условен противник кој го повредил рускиот воздушен простор и го принуди да се спушти.

Во летечко-тактичката воена вежба на посебниот мешовит авијациски полк на силите и трупите на североистокот на Русија, пилотите на руските ловци вежбаа пресретнување и принудно слетување на авион кој го повредил воздушниот простор на Руската Федерација.

Министерството за одбрана на РФ соопшти дека маневрите се изведени на Камчатка. Телевизијата „Ѕвезда“ објави впечатливи снимки од пресретнувањето. Во улога на „нарушител“ беше противбродски авион Ил-38.

„Според планот на воената вежба, Ил-38 одигра улога на летало кое свртело од утврдената траекторија и се приближило до линијата на руската државна граница“, објаснуваат од министерството.

Од аеродромот Елизово на знак на тревога полета висински ловец-пресретнувач МиГ-31 кој им припаѓа на дежурните сили за ПВО.

Морнаричките пилоти визуелно го забележаа авионот, воспоставија контакт со пилотите и им дадоа знак да го напуштат воздушниот простор на Руската Федерација. „Нарушителот“ не го исполни ова законско барање, по што МиГ-31 му се приближи на „неканетиот гостин“, го примора да ја промени траекторијата на летот и го испрати до најблискиот воен аеродром каде условниот противник атерираше.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња