Овој пиштол е наменет за опремување на специјалните противтерористички единици. Неговото моќно зрно може да ликвидира непријател кој се наоѓа зад бетонски прегради, па дури и да ја пробие заштитата на одделни оклопни возила. Предвидено е да дејствува во пар со автоматската пушка ШАК-12 (скр. од штурмовой автоматный комплекс).
Најснажнији револвер на свету
— Marsonline (@gvozdenavolja) March 27, 2020
Руски ОЦ-135: Моћна алатка у рукама Спецназа
>Калибар 12,7х55мм pic.twitter.com/G6pRsLPxNq
ОЦ-135 е настанат врз база на револверот РШ-12. Целиот проект на разработка и производство на големокалибарско рачно оружје наменето за специјалните противтерористички единици е организиран под шифрираниот назив „Выхлоп“. Покрај овој пиштол во план беше и развој на автоматска пушка со голем калибар АШ-12 (ШАК-12). Како и револверот РШ-12, оваа пушка го користи истиот куршум калибар 12,7х55 мм.
Емпириски е утврдено дека огромен процент на адреналин во крвта и наркотичките средства можат да ја потиснат болката предизвикана од погодоци од огнено оружје. Во такви ситуации терористите, иако погодени, можат да функционираат одредено време додека дефинитивно не се збогуваат со животот. Ова е особено опасно во услови какви во повеќето случаи се јавуваат при вакви акции. Тоа се главно затворени објекти во кои се наоѓаат голем број заложници. Тие неколку секунди пред смртта можат да бидат доволни терористот да активира експлозивна направа и да поведе со себе десетици лица. Куршумот со калибар 12,7х55 мм што го користат тешкиот јуришен револвер РШ-12(ОЦВ-135) како и новата руска автоматска пушка ШАК-12 мора дефинитивно да го реши проблемот на одложена смрт. Неговото масивно зрно кое во зависност од куршумот се движи во распон од 48,14-76,08 грама, веднаш ја неутрализира метата, па дури и ако е заштитена со преградни ѕидови. Притоа ефикасниот дострел на оружјето е 100-300 метри, што значително ја намалува можноста за жртви меѓу цивилните лица.
Процените се дека панцирниот куршум со калибар 12,7х55 мм може да пробие челична плоча со дебелина од 16 мм на оддалеченост од 200 метри. Притоа, отстапување од целта е помало од 1 MOA на далечина од 100 метри.
Високиот степен на безбедност за трети лица го обезбедува супсоничниот куршум кој постигнува респектабилни вредност на запирлива моќ на блиско растојание. Меѓутоа, на поголеми дистанци, овој куршум рапидно губи на својата енергија и со самото тоа претставува помала опасност за генерирање на тнр. „ненамерна штета“. Оваа муниција се произведува во различни варијанти, во зависност од типот на куршумот.
Што се однесува до револверот РШ-12, се работи за мошне габаритно оружје. Неговата маса достигнува 2,2 килограми. Масивното буренце има капацитет од пет куршуми калибар 12,7х55 мм. Современата модификација со ознаката ОЦ-135 е рестилизирана. На пиштолот се додадени тнр. „Пикатини шини“ кои овозможуваат да се закачат различни тактички додатоци кои ја олеснуваат манипулацијата и прецизноста на дејство од овој пиштол.
ШАК-12 го проектираа инженерите на Централното конструкторско научно-истражувачко биро за спортско-ловечко вооружување (заедно са снајперската пушка ВССК „Выхлоп“), кое претставува филијала во рамките на КБП „А.Г. Шипунов“. Во меѓувреме, оваа компанија стана интегрален дел на холдингот „Високопрецизни комплекси“ (Высокоточные комплексы). Оружјето претставува современ примерок на офанзивен автомат со висока ефикасност кој е пред сè наменет за потребите на специјалните единици во борбите на блиско растојание. Основната задача на овој автомат е брзо и ефикасно уништување на непријателската жива сила која е заштитена со индивидуални облици на балистичка заштита или која се наоѓа во засолништа.
Самата пушка е проектирана по шемата „Булпап“. Ваквиот систем на изработка на стрелечко оружје обезбедува намалување на неговите севкупни габарити, и со самото тоа овозможува широк спектар на примена на различни додатоци, како што се придушувачи и разбивачи на оган на устата на цевката, со што се зголемува неговата тактичка ефикасност. Исто така, овозможено е и закачување на подцевчест фрлач на гранати доколку тоа е неопходно. ШАК-12 се полни со дворедна рамка со 10 и со 20 куршуми со калибар од 12,7х55 мм. Сразмерно на големиот калибар на оружјето беше неговата тежина која е намалена со внимателен избор на материјалите (полимери+алуминиум) од кои е направена пушката, како и рамките со муницијата. Со ваквите технички интервенции, вкупната тежина на оружјето изнесува прифатливи 5,2 кг, додека автоматската пушка АК-12, на пример, има 3,3 килограми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче