„Рачен топ“ кој моментално ги неутрализира лошите: Американците ја оценија руската пушка „ШАК-12“

Слободан Ѓукиќ
Уништувањето на терористичка група која држи заложници е една од најсложените задачи со кои мораат да се соочат специјалните антитерористички тимови. Затоа рускиот ШАК-12 користи куршум со голем калибар од 12,7 мм. Неговото масивно зрно е способно моментално да го онеспособи терористот, не давајќи му практично никаква шанса да активира експлозивен појас или да направи било каква друга штета.

Руската  јуришна пушка ШАК-12 претставува исклучително ефикасно оружје при изведувањето противтерористички операции во урбано/градско опкружување. До ова сознание дојде американски воен експерт кој пишува за веб-порталот „Национален Интерес“.

Без оглед на фактот дека оваа пушка сама по себе е габаритна (тешка е околу шест килограми) и има релативно скромен ефикасен дострел  на муниција што не надминува 350 метри, овие недостатоци во конкретниот случај не претставуваат никаков проблем. Самите конструктори на оваа пушка се фокусирале на нејзината примарна цел, а тоа е борба со терористите во градски услови. Според тоа, пушката е специјално дизајнирана за потребите на противтерористичките единици на ФСБ, пренесува веб-порталот РГ.

Притоа малиот ефективен дострел на оружјето може дури и да се смета за позитивна карактеристика. Имено, од ова произлегува фактот дека куршумот нема толкава брзина на лет која знае да доведе до ефект на рикошет, што може да доведе до жртви меѓу цивилите. Познато е дека терористите во своите напади во урбани средини првенствено се фокусираат на целите со најголема концентрација на луѓе. Уништувањето на терористичка група која држи заложници е една од најсложените задачи со кои мораат да се соочат специјалните антитерористички тимови. Самата акција ќе биде осудена на неуспех доколку за време на ликвидацијата на терористичка група бидат убиени заложници. Со самото тоа угледот на безбедносните служби на една држава паѓа во очите на граѓаните.

ШАК-12 користи куршум со голем калибар од 12,7 мм. Неговото масивно зрно е способно моментално да го онеспособи терористот, не давајќи му практично никаква шанса да активира експлозивен појас или да направи било каква друга штета. Исто така, смртоносната моќ на ова зрно не можат да ја запрат ни преградните ѕидови во внатрешноста на објектите. Оваа пушка, заедно со квалитетно снајперско оружје, може да биде клучен фактор за спасување на заложници заробени од добро организирана група терористи, наведува американскиот експерт.

Прочитајте повеќе: Ростех го претстави новото чудо на руската воена индустрија: Автомат ШАК-12 со калибар од 12.7 мм.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња