„Маршот се одвива регуларно, организирано. Се наоѓаме на местото на првото запирање, за одмор, техниката е исправна, дефекти нема. Патиштата се пусти, се гледа дека е на сила карантин, а возачите на малубројните коли што ги среќававме патем пријателски нé поздравуваа, свиреа, така што имавме многу убаво чувство и воопшто не се чувствувавме како да сме во некоја друга земја“, вели Богомолов.
Русите испратија во Италија 15 авиони Ил-76 со воени медицински стручњаци и најсовремена техника и опрема, а по пристигнувањето на аеродром недалеку од Рим тргнаа на 600 километри долг марш во придружба на италијанската војска и карабинерите. Општиот впечаток е дека Италијанците беа вчудовидени од оперативноста на руската група и не беа во состојба адекватно да ги примат руските авиони во бројот и ритамот со кој пристигнуваа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче