Италијанската и руската армија започнаа операција за спасување на Бергамо (покраина Ломбардија) од ширење на епидемијата која е предизвикана од вирусот COVID-19. Во оваа акција ќе учествуваат руски експерти со прекупотребни технички капацитети кои се специјализирани за борба против микроорганизмите. Во согласност со тоа организиран е марш на руски контингент со специјална техника по должина од околу 600 километри, кој е реализиран во тесна координација со италијанската војска.
Највисоките офицери на руската и на италијанската армија направија генерален план на битката со вирусот што го зафати подрачјето на италијанската покраина Ломбардија (градот Бергамо). Ломбардија е една од најкритичните зони кога станува збор за оваа епидемија.
Руска и италијанска армија су започеле операцију спашавања Бергама (покрајина Ломбардија) од распрострањене епидемије која је изазвана вирусом COVID-19 pic.twitter.com/rcq6T2yZbD
— Marsonline (@gvozdenavolja) March 24, 2020
Со таа цел организиран е марш на рускиот контингент со специјална техника во должина од околу 600 километри кој е направен во тесна координација со италијанската војска.
Потсетуваме дека руската армија формираше специјална воздухопловна единица која беше составена од девет воени-транспортни авиони Ил-76. Овие авиони полетаа кон Италија која е најтешко погодена од пандемијата на коронавирусот, и која претставува епицентар на заразата во Европа. Воздухопловната група од девет авиони ИЛ-76 на воено-транспортната авијација на Воздушно-космичките сили на Русија е упатена во Италија во согласност со указ на министерот за одбрана на РФ генералот на армијата Сергеј Шојгу.
Во руската единица за борба против епидемијата на COVID-19 се наоѓаат околу 100 стручњаци кои се водечки експерти на Министерството за одбрана во областа на вирусологијата и епидемиологијата со меѓународно искуство во борба против епидемија. Руските авиони испорачаа и модерна опрема за дијагностицирање и за дезинфекција, како што се повеќенаменските мобилни системи „Сич“ и современиот комплекс за аеросолна дезинфекција „Орлан“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче