Експерт: Русија испрати во Италија воени лекари кои претходно се бореа со еболата во Африка

Руската армија испраќа медицинска опрема и материјали во Италија од аеродром во Московската област.

Руската армија испраќа медицинска опрема и материјали во Италија од аеродром во Московската област.

Reuters

На 23 март Русија со воени авиони испрати во Италија екипа вирусолози и медицинска опрема за лекување на заболените од коронавирус.

Како што се вели во соопштението на Министерството за одбрана на РФ, лекарите се испратени „во најзагрозените подрачја на оваа земја“.

„Во Италија се испраќаат луѓе кои пред неколку години се бореа со епидемијата на ебола во Африка. Тоа се луѓе со искуство во работа во кризни и стресни ситуации“, изјави за Russia Beyond поранешниот воен аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Сафонов.

Девет гломазни товарни авиони Ил-76 на товарење на опремата, воен аеродром Чкаловски во Москва. Русија се подготвува да испрати медицински персонал и материјал во Италија.

Според него, стручњаците со себе зеле најнова медицинска опрема која беше презентирана на воените изложби „Армија 2018“ и „Армија 2019“ во Подмосковје.

„Покрај Русија, само САД и Велика Британија имаат структури слични на руските единици за радиолошка, хемиска и биолошка заштита“, додаде аналитичарот.

Руската армија испраќа медицинска опрема и материјал во Италија од аеродромот во Московската област.

Покрај помошта на болните, Русија сака да го добие „европскиот“ геном на коронавирусот за навремено да се подготви за ширењето на епидемијата на сопствената територија.

„Ние веќе го имаме кинескиот геном на коронавирусот и лекарите работат на создавање вакцина за негово лекување. Кога ќе добијат целосна слика од 'западниот' фронт, многу побрзо ќе може да се направи соодветен 'антивирус'“, заклучува Сафонов.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња