Руската армија тргна за Италија: Специјална група на ВКС го префрлува комплексот „Сич“ (ФОТО+ВИДЕО)

Интернет-портал „Бог-рата“ (mars.online)
Руската армија формираше специјална воздухопловна група составена од девет воено-транспортни авиони Ил-76 на аеродромот „Чкаловски“. Овие сили имаат задача да превезат руски воени стручњаци и специјална медицинска техника со цел да помош на Република Италија која се соочува со најтешкиот удар на пандемијата предизвикана од коронавирусот. Со целата операција раководи генерал-мајор Сергеј Кикот.

Првиот авион од оваа група веќе полета за Италија. Негова крајна дестинација е италијанската воена база „Практик де маре“ која се наоѓа во непосредна близина на Рим. Руската армија го испрати повеќенаменскиот автономен мобилен комплекс „Сич“ кој е употреблив во најтешките можни околности, пренесува интернет-порталот Marsonline.

Освен медицинска опрема и системи за аеросолна дезинфекција на транспорт и територија, во Италија ќе се упати и тим од 100 руски стручњаци кои имаат големо практично искуство. Тие учествуваа во сузбивањето на епидемиите на африканска чума, антракс, а исто така учествуваа и во развојот на вакцината против ебола.

Според наводите на руското Министерство за одбрана, експертите имаат големо искуство во борбата против распространувањето на вируси, ублажување на тешка епидемиолошка ситуација, дезинфекција на згради и други објекти. Исто така се наведува дека руските стручњаци се опремени со современа опрема, специјални уреди и медицински препарати.

Руската војска во Италија го испрати повеќенаменскиот автономен мобилен комплекс „Сич“ кој е наменет за анализа на био-патогени материјали (агенси), како и за оперативна поддршка на единици за АБХО  во вонредни услови предизвикани од агенси од биолошка природа.

Овој комплекс е употреблив во анализата на размерите на вкупната заразеност на подрачја во услови на отсуство на стационарни лаборатории како и детекција на исклучително опасни микроорганизми кои предизвикуваат тешка епидемиолошка слика на конкретен терен. Современите методи и постапките што притоа се употребуваат овозможуваат добивање на критично важни податоци во тесна временска рамка. Врз основа на првите резултати со употреба на специјална методологија се доаѓа до брза процена на моменталната состојба и изработка на детални карти со прогнози за понатамошниот тек на епидемијата. Сето тоа се реализира со помош на информатички комплекс кој е поврзан со современ геоинформациски систем.  

За целото време на својата активна работа групата мобилни лаборатории „Сич“ е поврзана со централниот пункт за командување на началникот на АБХО на руската армија, без оглед на местото на кое се наоѓа. Размената на податоците се реализира преку сателитска врска, а можно е остварување и на радиоврска преку системот на специјални примопредаватели кои исто така се наоѓаат во состав на комплексот.

Во рамките на комплексот се наоѓаат независни модули во кои се врши анализа на биолошките примероци од заразената зона, нивна експресна анализа со специјалната методологија ИФА/ПЦР,  категоризација и складирање во специјални отсеци. Во зависност од ситуацијата овие модули можат да ја преземат функцијата и на останатите елементи во рамките на комплексот „Сич“, како и да работат потполно автономно, без намалување на својата ефикасност. Двата модула се состојат од четири раздвоени отсеци и се наоѓаат во контејнерска форма инсталирана на камионски платформи КамАЗ-6350.

Во рамките на комплексот „Сич“ се налази мобилен контејнерски модул за комуникациска поддршка. Неговата основна намена е обезбедување комплет автоматски телефонски линии, примопредавање на податоците преку радиокомуникациски уреди и воспоставување на сателитска врска, без оглед на кое место се наоѓа комплексот. Исто така, овој модул работи на следење и прогноза на севкупната ситуација на теренот на кој е ангажиран. Во реално време одржува врска (00-24ч) со сите делови на оперативната команда на АБХО и цивилните структури на власта (кризниот штаб). Собирањето и обработката на податоците и давањето конкретни предлози важни за стратегијата во борбата против биопатогените е исто така една од задачите на овој модул. Тој може да се употреби и како истурен мобилен пункт на кризниот штаб кој раководи во услови на вонредна состојба предизвикана од неконтролирано ширење на биопатогени.

Тука се наоѓа и возило за извидување на заразеното подрачје кое има функција на собирање податоци и нивно понатамошно предавање преку специјален интерфејс кој е вмрежен со останатите сегменти на системот. Во рамките на ова возило се наоѓа високосензитивна апаратура за собирање и детекција на агенсите што се земаат од аеросолите (воздухот). Возилото располага со современи уреди за експресно добивање конечни резултати кои се обработуваат преку протоколите ИФА, ПЦР (елетрофореза) и ПЦР-РВ. Исто така, возилото е опремено со комплет камери со висока резолуција кои го снимаат теренот во круг од 360 степени околу возилото, со помош на кое точно се бележи рутата на движење и се формира архива од видеоснимки. Сето тоа може во секој момент да се проследи преку системот за криптоврска до сите сегменти во системот врз основа на што се креира план за битка со биолошката опасност.

Сите горенаведени сегменти се опремени со автономни извори на електрична енергија, уреди за врска, систем за вентилација и клима-уреди.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња