Експерт: Русија испрати во Италија воени лекари кои претходно се бореа со еболата во Африка

Наука и технологија
НИКОЛАЈ ЛИТОВКИН

На 23 март Русија со воени авиони испрати во Италија екипа вирусолози и медицинска опрема за лекување на заболените од коронавирус.

Како што се вели во соопштението на Министерството за одбрана на РФ, лекарите се испратени „во најзагрозените подрачја на оваа земја“.

„Во Италија се испраќаат луѓе кои пред неколку години се бореа со епидемијата на ебола во Африка. Тоа се луѓе со искуство во работа во кризни и стресни ситуации“, изјави за Russia Beyond поранешниот воен аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Сафонов.

Според него, стручњаците со себе зеле најнова медицинска опрема која беше презентирана на воените изложби „Армија 2018“ и „Армија 2019“ во Подмосковје.

„Покрај Русија, само САД и Велика Британија имаат структури слични на руските единици за радиолошка, хемиска и биолошка заштита“, додаде аналитичарот.

Покрај помошта на болните, Русија сака да го добие „европскиот“ геном на коронавирусот за навремено да се подготви за ширењето на епидемијата на сопствената територија.

„Ние веќе го имаме кинескиот геном на коронавирусот и лекарите работат на создавање вакцина за негово лекување. Кога ќе добијат целосна слика од 'западниот' фронт, многу побрзо ќе може да се направи соодветен 'антивирус'“, заклучува Сафонов.