Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Италија Енцо Вичирели ѝ се заблагодари на Русија која испрати стручњаци и опрема за борба против коронавирусот со кој оваа европска земја е најтешко погодена, соопшти рускиот воен ресор.
Начальник Генштаба ВС Италии Энцо Вичерелли поблагодарил Россию за оказываемую помощь в борьбе с коронавирусом: «Хотел бы выразить огромное удовлетворение и благодарность от всего итальянского народа за российскую помощь в такой трудный момент для Итальянской республики». pic.twitter.com/QKTSf44jFW
— Минобороны России (@mod_russia) March 22, 2020
„Од името на целокупниот италијански народ би сакал да изразам големо задоволство и благодарност за руската помош кој пристигнува во исклучително тежок момент за Република Италија“, рече Вичирели.
Како што пренесува порталот „Взгљад”, од подмосковскиот аеродром „Чкаловски“ осмиот и деветтиот авион Ил-76 полетаа за Италија, најтешко погодена со епидемијата на коронавирусот во Европа и нејзин епицентар во моментов. Претходно седум авиони на Воздушно-космичките сили на Русија ги превезоа руските стручњаци и доставија опрема потребна за дијагностика и дезинфекција.
Воздухопловната група од девет авиони Ил-76 на воено-транспортната авијација на Русија беше испратена во Италија согласно указот на министерот за одбрана на РФ, генерал на армија Сергеј Шојгу.
Како што се наведува, од Псковската, Улјановската и Оренбуршката област беа префрлени авиони Ил-76 со кои управуваше обучен екипаж.
#Видео Девять самолетов Ил-76 #ВКС России с аэродрома Чкаловский в Итальянскую Республику доставили около 100 российских военных специалистов, технику и имущество для оказания помощи в борьбе с коронавирусом https://t.co/lI5Q7cHVqs#РоссияИталия#БорьбаCКоронавирусомpic.twitter.com/zVOpbOvNUS
— Минобороны России (@mod_russia) March 23, 2020
Во рускиот одред за борба против епидемијата на COVID-19 и групата од сто стручњаци се наоѓаат водечки експерти на Министерството за одбрана во областа на вирологијата и епидемилологијата со меѓународно искуство во борба против епидемии. Руските авиони доставија и модерна опрема за дијагностика и дезинфекција.
Руските стручњаци на аеродромот ги пречека висока италијанска делегација. Министерот за надворешни работи на Италија Луиџи ди Мајо и началникот на Генералштабот на Вооружените сили Енцо Вичирели ѝ се заблагодарија на РФ за дадената помош. Министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу и неговиот италијански колега Лоренцо Гверини се договорија телефонски за испораката на помош со авиони на ВКС на Русија. Италијанскиот министер за одбрана изрази подготвеност да прими, почнувајќи од 22 март, руски авиони со стручњаци, техника и опрема, пишува порталот на телевизија „Ѕвезда“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче