Мобилниот комплекс за лекување на пациенти заболени од COVID-19 ќе го сочинуваат неколку корпуси. Болницата ќе има 500 кревети, меѓу кои до 250 на одделението за интензивна нега, со сета најсовремена опрема, што никогаш досега, како што наведе градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, не се случило во ниедна установа.
Градоначалникот истакна дека тоа ќе биде најсовремената и најдобра клиника во Москва.
На снимката направена од дрон се гледаат механизација и работници ангажирани во изградбата на комплексот.