Русија им предаде на 13 земји тест-системи за откривање коронавирус

Global Look Press
„Роспотребнадзор“ им предаде на 13 земји тест-системи за спроведување повеќе од 100 илјади испитувања за коронавирусна инфекција COVID-19.

„Роспотребнадзор“ веќе предаде изработени од БУН ГНЦ ВБ „Вектор“ тест-системи за спроведување повеќе од 100 испитувања за COVID-19 во 13 држави, вклучувајќи земји-членки на Евроазиската економска унија, Заедницата на независни држави, Иран, Монголија и Северна Кореја“, изјавија од институцијата, пренесува RT.

Се очекува испорака на тест-системи во Египет, Србија и Венецуела.

„Роспотребнадзор“ прецизира дека со примена на руските средства за дијагностика се откриени првите случаи на коронавирус во Ерменија, Белорусија, Киргизија и Узбекистан.

„Роспотребнадзор“ ќе продолжи да дава материјално-техничка и методолошка помош на странските партнери за спречување на ширењето на епидемијата на новиот коронавирус во светот“, потенцираат од институцијата.

На 20 март беше соопштено дека во Русија е претставен усовршен тест-систем за дијагностика на COVID-19.

Тестот со скратена подготовка на примерокот ќе овозможи да се скрати времето на испитување на помалку од 90 минути.

Во моментов руските научници вршат тестирање на шест препарати против коронавирусна инфекција.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња