Руските научници ги направија првите фотографии на честиците на коронавирусот под микроскоп

Руските стручњаци од лабораторијата на Новосибирскиот државен научен центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ ги направија првите фотографии на новиот коронавирус SARS-CoV-2 под микроскоп.

Како што соопшти службата за односи со јавноста на Роспотребнадзор руските научници успеале да го декодираат геномот на новиот коронавирус.

Големината на честиците изнесува од 100 до 120 нанометри (повеќе од 400 пати потенки од човековото влакно). Фотографиите се добиени со метод на негативен контраст на пренос на електронски микроскоп ЈЕМ-140.

Државниот научен центар „Вектор“ ја поседува една од најкомплетните колекции вируси на светот, вклучувајќи го и вирусот ебола, Марбург-вирусот, САРС, сипаници и др. Со работа започна во 1974 година како затворен институт и прво правеше вакцини и средства за заштита од бактериолошко и биолошко оружје. Во овој момент е единствена установа зад Уралот која има сертификат GMP кој дозволува производство на вакцини.

Лабораторијата „Вектор“ е една од установите која ја има развиено единствената руска вакцина против вирусниот хепатит А и ја пушти во производство. Токму „Вектор“ на 14 февруари во Русија регистрираше развиени тестови за откривање на РНК на коронавирусот SoViD-19 со метод на полимеразна верижна реакција.

Во овој момент стручњаците од лабораторијата „Вектор“ работат на развој на две вакцини против COVID-19. Според директорот Ринат Максјутов прототипите на овие вакцини ќе ги помине првите тестирања во јуни. Тестовите на овој Центар за откривање на коронавирусот веќе се испратени во некои региони на Русија.

За потсетување, епидемијата со коронавирусот започна кон крајот на декември минатата година во Кина со епицентар во градот Вухан. Подоцна случаи на зараза беа регистрирани во целиот свет, за СЗО на 11 март да прогласи пандемија. Бројот на заразени надмина 200 илјади лица, додека бројот на заболени во Русија изнесува 199.

Рускиот претседател Владимир Путин денес при посетата на Крим (на полуостровот нема регистрирани случаи на болеста) изјави дека треба да бидеме подготвени на секој развој на ситуацијата во врска со ширењето на заразата предизвикана од новиот коронавирус.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња