Кремљ објасни зошто во Русија нема многу заболени од коронавирус

Sebastian Gollnow/dpa/Global Look Press

Како што изјави портпаролот на Кремљ, динамиката се разликува од земја до земја зашто секоја има свои можности во доменот на здравството и во таква ситуација не треба да се повлекуваат паралели.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков на новинарите им објасни зошто во Русија има помал број луѓе заболени од коронавирусот одошто во европските земји.

Според Песков Роспотребнадзор, федералната агенција за заштита на потрошувачите, благовремено започнал со примена на соодветни мерки и тоа даде резултати. Освен тоа во владата на Русија е формиран штаб кој веднаш почнал да работи. И во владата и во Роспотребнадзор, како што нагласи, се работи деноноќно, па затоа ефектите не изостанаа.

Нашите лекари работат и доста постигнуваат, рече Песков и наведе дека руските стручњаци се во контакт со лекари од разни земји.

Сите сме во иста ситуација, потребни се цврсти напори и од страна на нашите и од страна на странските лекари, рече Песков, истакнувајќи дека е најважно да се развие вакцина.

Додаде дека во овој момент не се разгледува можноста да се стави Москва во карантин.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња