Јужно од Санкт Петербург формиран ракетен ПВО полк со необична сила

Григориј Сисоев/Sputnik
Процените се дека руската армија во моментов има 63 ракетни дивизиони опремени со ПВО/ПРО системи С-400 „Триумф“ кои се распоредени во 26 ракетни полкови за ПВО. Овој број ги вклучува и единиците распоредени во Сирија, како и средствата кои се наоѓаат во состав на двата специјалистички центри за обука на екипажи на овие системи.

На подрачјето на Санкт Петербург на борбено дежурство стапи засилен ракетен ПВО полк кој во својот состав има дури четири дивизиони опремени со ПВО/ПРО системи С-400 „Триумф“. Овој полк според својата структура е единствен во руската армија, затоа што обично овие трупи формациски се состојат од „само“ два ракетни дивизиони со „Триумфи“.

„Дивизијата се наоѓа на најзападниот дел на одбраната на нашата татковина и нејзина првенствена задача е покривање на воздушниот простор по должината на нашата државна граница. 1490 гардиски ракетен полк на ПВО, кој денес е во целост вооружен со системи С-400 „Триумф“, е еден од најдобрите во руската армија. Тој се состои од четири ракетни дивизиони, што е единствено во руските вооружени сили“, изјави командантот на 2 дивизија која се наоѓа во состав на 6 армија на руските ВВС и ПВО генерал Олег Поликарпов. Зоната што ја покрива овој полк се наоѓа на границата со Финска, Естонија и Летонија.

Кон крајот на минатата година првиот човек на концернот ПВО „Алмаз-Антеј“ соопшти дека на Министерството за одбрана на РФ му е испорачан полковски комплет со системи С-400 „Триумф“ со засилен состав.

Полкот е базиран во шумскиот појас што се наоѓа на југот на Ленинградската област. 1490 гардиски ракетен полк на ПВО е шеста единица од таков ранг која е распоредена на поширокото подрачје на Санкт Петербург, а која е во целост опремена со далекуметни системи С-400 „Тријумф“. Нејзината специфичност е формацискиот состав кој е двојно поголем од стандардните ракетни полкови кои вообичаено се состојат од два дивизиона.

Процените се дека руската армија во моментов има 63 ракетни дивизиони опремени со ПВО/ПРО системи С-400 „Триумф“ кои се распоредени во 26 ракетни полкови за ПВО. Овој број ги вклучува и единиците распоредени во Сирија, како и средствата кои се наоѓаат во состав на двата специјалистички центри за обука на екипажи на овие системи.

Рускиот противвоздушен С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 км (ракета 40Н6Е), додека во висина дејствува и до 35 км.

Формациски, во рамките на еден дивизион најчесто има 2-3 батерии на овој систем, со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици. Значи, еден дивизион во својот состав има 48 ракети подготвени за моментално дејство. Цел ракетен полк хипотетички може да нападне 96 непријателски воздушни цели во оперативен борбен радиус до 400 км.

Прочитајте повеќе: Сè што е потребно да знаете за системот С-400 „Триумф“

 

 

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња