Младите руски ракеташи ја потврдија високата оспособеност за системот С-400 „Триумф“ (ВИДЕО)

Скриншот
Притоа се соборени осум нисколетечки воздушни објекти со голема брзина и способност за маневрирање. Наведуваното воздухопловно оружје го имитираа мамките „Кабан“, „Бекас“ и „Армавир“.

Во рамките на воената вежба на единиците за ПВО во Астрахањската област, реализирано е боево гаѓање од ракетни противвоздухопловни системи со голем дострел С-400 „Триумф“. Видеоматеријалот од оваа вежба го објави телевизискиот канал „Ѕвезда“.

Екипажите на овие системи успешно уништија осум нисколетечки воздушни објекти со голема брзина и способност за маневрирање. Наведуваното воздухопловно оружје го имитираа мамките „Кабан“, „Бекас“ и „Армавир“.

Овие ракети-мамки се одликуваат со исклучително голема брзина на летање и, што е многу важно, нивната радарска рефлексија е исклучително мала, така што нивното откривање е тешко. Во секој случај, овие ракети претставуваат мети кои се многу потешки за пресретнување од повеќето цели што би се нашле спроти системот С-400 во реална борба.

Покрај тоа, ракеташите реализираа и сегмент од вежбата кој вклучуваше откривање и следење на цели на поголеми висини надморска височини, како и подготовки за одбивање масовен воздушен напад од страна на условен непријател, пренесува интернет-порталот „Лента.ру“.

Во септември оваа година руската армија на архипелагот Нова Земја (Арктик) распореди системи со долг дострел С-400 „Триумф“. Ракетниот полк за противвзоздухопловна одбрана, опремен со овие системи, е распореден на островите Јужни. Новата генерација ПВО-системи ги замени системите С-300 ПМ „Фаворит“.

Од пред неколку дена руската армија е посилна со уште еден ракетен полк со системи С-400 „Триумф“. По успешната проверка на полигонот Капустин Јар, тој им беше испорачан на единиците на руската армија.

Рускиот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 км (ракета 40Н6Е), додека во височина дејствува и до 35 км. Формациски, во рамките на еден дивизион најчесто има 2-3 батерии на овој систем, со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици. Значи, еден дивизион во својот состав има 48 ракети подготвени за моментално дејство. Цел ракетен полк хипотетички може да нападне 96 непријателски воздушни цели во оперативен борбен радиус до 400 км.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња