Русија интензивно работи да му ги наметне на светот противвоздушните ракетни системи С-400 „Триумф“, како што тоа претходно го правеше со автоматската пушка „Калашников“. Ова го изјави помошникот на државниот секретар за военополитички прашања на САД Кларк Купер, пренесува ТАСС.
АК-47, според Купер, стана универзален симбол на бунтовничките движења на просторот од југоисточна Азија до Африка што ги поддржуваше СССР. Помошникот на американскиот државен секретар изрази мислење дека Русија, користејќи ги потребите на партнери во сферата на безбедноста, создава пречки за САД да ги продаваат „најнапредните средства за одбрана“.
На 2 октомври поранешниот заменик на помошникот на шефот на американскиот одбранбен ресор за прашања на националната безбедност, соработник на аналитичкиот центар „Херитиџ“ Стивен Бучи, во текстот за Defense News напиша дека руските системи С-400, како и американскиот MIM-104 Patriot, не можат да спречат напади како оној што беше извршен во септември врз објектите на Saudi Aramco во Саудиска Арабија. Според експертот, „само различни повеќестепени интегрирани системи за ПВО и ПРО можат да се справат со сите видови на напади“.
Кон средината на септември беше соопштено дека е завршена испораката на компонентите на втората батерија руски С-400 во Турција. Русија покажа искрен однос при испораката на системот, истакна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. САД и другите членки на НАТО стравуваат дека доколку Анкара набави и С-400 и американски ловци од петтата генерација F-35, радарите на руските систем ќе научат да ги детектираат овие авиони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче