Огнената моќ на „Панцир“: Со еден рафал може да збрише цела чета непријателска пешадија

Интернет-портал „Бог-рата“ (mars.online)
Покрај извонредните тактичко-технички можности кога е во прашање борба против објекти во воздушниот простор, во специјални прилики „Панцир“ може подеднакво ефикасно да се употреби и во борба против копнени цели. Благодарение на напредниот систем за управување со огнот, како и на моќните топови 2А38М, ова средство освен за непријателските воздухоплови, крстосувачките ракети и дроновите, претставува вистински „кошмар“ и за живата сила.

Според последните информации, Бугарија им одобрила на руските воено-транспортни капацитети да преку нејзината територија ја достават купената батерија ПВО-системи „Панцир-С1“ за потребите на српската војска, наведува веб-порталот Marsonline. Овој контингент, кој брои 6 (8) единици, во близок период би требало да му биде испорачан на Белград.

96К6 „Панцир С1” е противвоздухопловен хибриден ракетно-топовски систем со краток дострел, наменет за заштита на цивилни и воени објекти од напад со сите современи и перспективни средства за воздушен напад, во сите временски услови, без оглед на времето од денот (ден/ноќ), при масовна употреба на противнички системи за противелектронска борба. Со ракетите може да гаѓа цели на далечина од 20 км/висина 15 км, додека со топовите покрива растојание до 5000 метри. Топови дејствуваат со брзина од околу 4800-5000 гранати во минута. Благодарение на својата универзалност, системот може да се користи против копнени и надводни цели.

Неговата универзалност е посебно нагласена со постоењето на автоматските топови 2А38М калибар 30х165 мм кои се одликуваат со исклучително голема густина на огнот. Се работи за двоцевен ПА автоматски топ, развиен врз основа на авионскиот топ ГШ-30. Топот е опремен со уникатен систем на водено ладење, со што се обезбедуваат стабилни услови кои овозможуваат голема густина на огнот. Краткотрајниот притисок на операторот врз чкрапалото на овие топови доведува до тоа во делови на секундата да полетаат кон непријателот неколку десетици панцирно-запаливи, разорни и разорно-обележувачки гранати калибар 30 мм.

Борбената каденца на еден топ изнесува цели 2500 гранати во минута, а брзината на гранатата на устата на цевката достигнува 1000 м/сек. Ефективниот хоризонтален дострел на овој топ изнесува околу 5000 метри. Во состав на противвоздухопловниот комплекс „Панцир“ влегуваат овие два топа, со што темпото на стрелба достигнува исклучителни 5000 гранати во минута.

Енергијата на гранатата 30х165 мм овозможува ефективна борба против непријателската жива сила на далечини и до 4000 метри, како и против лесно оклопна борбена техника до 2000 метри. На пример, панцирната поткалибарна граната „Кернер“ со калибар 30х165 мм може да пробие хомогена челична плоча дебела 30 мм која е навалена под агол од 60 степени на далечина од 1000 метри.

Може само да се замисли ефектот на дејството на овие топови против непријателската жива сила која се наоѓа на отворено. За само една секунда еден „Панцир-С1“ може да истрела 70-80 гранати калибар 30 мм.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња