Хибриден топовско-ракетен систем „Панцир С1“
Vitaly V. Kuzmin/www.vitalykuzmin.netСрпските војници веќе се обучени за ракување со тоа многу ефикасно оружје, пренесуваат српските и руските медиуми.
„Панцир С1“ е хибриден топовско-ракетен систем кој обединува ракети „земја-воздух“, два топа калибар 30 милиметри, набљудувачки и нишански радар, како и оптички блок за надзор и управување со огнот.
Системот е поставен на камион „Урал“ со категорија 10 тони и конфигурација 8х8.
Системот со контејнерски облик може едноставно да се постави и на оклопен транспортер или помал брод.
Основната намена на „Панцир“ е заштита на важни точки како аеродроми, командни места, комуникациски јазли.
„Ова е оружје што гарантира долготраен мир. „Панцир“ станува дел од нашето вооружување, „Панцир“ станува дел од Војската на Србија“, рече министерот за одбрана на Србија Александар Вулин,
Замислен е за одбрана од авиони, хеликоптери, крстосувачки ракети, беспилотни летала и наведувани бомби.
„Панцир“ може да делува и против површински цели како што се тенкови, оклопни транспортери, борбени возила на пешадијата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче