Над облаците: Спектакуларни маневри на Су-30СМ и Су-24 кај Калининград (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Полнењето гориво во воздух е задолжителен елемент на обуката на пилотите на морнаричката авијација. Оваа сложена операција ја изведоа повеќе од десет авиони.

Школските летови беа реализирани на небото во Калининградската област од чии аеродроми во воздухот се вивнаа повеќенаменските ловци Су-30СМ и фронтовските бомбардери Су-24М.

Овој сложен елемент го увежбуваа повеќе од десет авиони на морнаричката авијација на Балтичката флота. Полнење на авионите со гориво во воздух беше вршено како дење, така и ноќе, индивидуално и во парови.

Полнењето со гориво на авионите во воздух е задолжителен дел од подготовката на пилотите на морнаричката авијација. Таа вештина овозможува да се изврши задачата на голема оддалеченост од местото на базирање.

Авионите беа полнети со гориво од воздушен танкер Ил-78 на Воздушно-космичките сили на РФ кој стигна од Централниот регион на Русија при брзина од 500 километри на час. Овие елементи на летачката обука на екипажите на морнаричката авијација редовно се изведуваат најмалку двапати годишно.

Погледнете го и ова видео: Снимени тајните „убијци на сателити“ МиГ-31