Американското министерство за одбрана објави карта на која се обележани зоните на зголемена активност на Воената морнарица на Русија и Воено-поморските сили на Кина. Документот е објавен во состав на подготовката на воениот буџет на САД за фискалната 2021 година.
„Имаме многу нешта да заштитиме од сé поефикасните поморски противници кои ќе ѝ прават проблеми на нашата економска безбедност и најверојатно на нашиот начин на живот“, се нагласува во текстот. За борба против тие и други опасности администрацијата на САД предложи зголемување, како што се наведува, на одбранбениот буџет за фискалната 2021 година од 738 на 740,5 милијарди долари.
Зголемено присуство во Светскиот океан е еден од приоритетите на Воената морнарица на Русија. Како штом своевремено изјави Владимир Корољов, руските воени бродови треба да се наоѓаат во важните подрачја „во број кој овозможува да се елиминираат сите закани кои доаѓаат од тие правци“. Зголемената активност на НАТО во близина на границите на Руската Федерација, распоредувањето на поморски ПВО-системи, како и на стратешки конвенционални системи со високопрецизно оружје, Воената морнарица ги третира како закана за безбедноста на земјата.
Прочитајте повеќе: Ти запира здивот: Идниот руски носач на авиони ги фасцинира германските медиуми