Ти запира здивот: Идниот руски носач на авиони ги фасцинира германските медиуми

Макета на носачот на авиони од проектот 23000E на изложбата „Армија 2015“

Макета на носачот на авиони од проектот 23000E на изложбата „Армија 2015“

Артјом Ткаченко
Германците се импресионирани од нуклеарниот носач на авиони што Русија планира да го направи.

Германскиот весник „Ханделсблат“ објави прилог посветен на перспективниот руски носач на авиони.

Судејќи според неговите карактеристики, станува збор за проектот 23000 „Шторм“ проектиран од Криловскиот државен научно-истраживачки центар.

„Од габаритите ти запира здивот: бродот е долг преку 300 метри и висок преку 65 метри. Неговиот газ е скоро единаесет метри, а депласманот 80000 тони. Го напојуваат четири нуклеарни реактори од по 305 мегавати. Со нив бродот развива брзина од 55 км/час“.

Авторот на описот, судејќи според сé, не се сомнева дека толку крупен проект ќе биде реализиран.

„Кога станува збор за вооружување, Русија ќе направи сé што ѝ е потребно на армијата“.

Тој понатаму прецизира дека носачот на авиони треба да носи околу 70 авиони и хеликоптери. Тоа, покрај Су-33, ќе бидат најновите ловци МиГ-35 и Су-57.

Покрај тоа, во неговиот арсенал ќе се најде и најновото хиперсонично чудо на воената индустрија - крстосувачката ракета „Кинжал“ и противбродската ракета „Циркон“.

Бродот се прави специјално и за ракетите со среден дострел „Калибар“.

„Воената морнарица на Русија претходно соопшти дека, според планот, нуклеарниот носач на авиони ќе биде ставен во експлоатација околу 2030 година“, се вели на крајот на статијата.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња