Руското Министерство за одбрана објави уште детали за ракетоносците Ту-160М и Ту-160М2

Ту-160

Ту-160

Леонид Фаерберг/Transport Photo Images/Global Look Press
Она што особено ќе ги издвојува модернизираните верзии на суперсоничниот стратешки бомбардер-ракетоносец од основната варијанта е нивната исклучително моќна погонска група која ќе се состои од мотори НК-32 од серијата 02. Што е една од основните предности на модернизираните бомбардери во однос на нивната сегашна варијанта можете да прочитате во продолжение на текстот.

Долетот на модернизираните стратешки бомбардер-ракетоносци Ту-160М и ТУ-160М2 ќе биде зголемен за илјада километри. Ова ќе биде ће постигнато со вградување на мотори НК-32 од втората серија, изјави заменик-министерот за одбрана на РФ Алексеј Криворучко.

„Што се однесува до работата над новите мотори НК-32 од серијата 02, сé се реализира според планираната динамика. Во овој момент ги преземаме сите мерки кои се неопходни за да се забрза целиот овој проект“, рече пред новинарите заменик-министерот за одбрана на РФ во текот на посетата на ПАО „Кузнецов“, пренесува РИА „Новости“.

Криворучко додаде дека моторите НК-32 од втората серија имаат значително посовршени карактеристики во однос на базичната верзија на овие мотори.

„Овие уникатни мотори ќе бидат интегрирани на модернизираната варијанта на бомбардерот Ту-160М, како и на новите бомбардери Ту-160 (се мисли веројатно на верзијата Ту-160М2 – заб. на прев.) која ќе биде направена во нова форма“, рече Криворучко.

Неодамна рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека по наредба на Врховниот командант на руската армија В. В. Путин, Казањскиот воздухопловен завод добил задача да го обнови производството на модернизираните летала за стратешка намена Ту-160М.

„Овој авион ќе биде опремен со нов офанзивно-навигациски комплекс, современи и сигурни комуникациски системи со засилена заштита од електронски пречки, уникатен пакет на оружје што ќе ги прошири неговите борбени способности при употреба на убојни средства со конвенционални и нуклеарни боеви глави. Исто така, ќе се обнови и погонската на леталото со интеграција на моторот од втора серија НК-32, со што ќе се зголеми неговиот оперативен долет и ќе се продолжи ефективното време на летање“, рече Шојгу, пренесе веб-порталот РИА „Новости“.

Според Путин, договорот потпишан на 25 јануари 2018 година за испорака на бомбардери Ту-160М предвидува производство на 10 авиони по цена од 15 милијарди рубли по авион, со што целосно ќе се пополни капацитетот на фабриката до 2027 година. Покрај тоа, Путин изјави дека новиот суперсоничен стратешки бомбардер Ту-160 „Петар Дејнекин“ ќе ја зајакне нуклеарната тријада на Русија. Министерството за одбрана на РФ има план да модернизира вкупно 16 стратешки авиони на овој стандард, како и проекција која вклучува нарачка на 50 летала од овој тип.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња