Авиомотор врз база на моторот на рускиот автомобил Aurus ќе биде тестиран во пракса

Reuters
Адаптацијата на автомобилскиот мотор ќе чини 567 милиони рубли.

Министерството за индустрија и трговија на РФ и Централниот институт за изработка на мотори „П. Баранов” (ЦИАМ) склучија договор за изработка на експериментален авиомотор врз основа на погонскиот уред на автомобилот Aurus. Процесот на изработка ќе трае една година, а веќе во 2021 година моторот ќе биде тестиран во пракса. 

Според податоците на порталот за државни набавки, ЦИАМ го добил тендерот во вредност од 567 милиони рубли. Проектот почнува во декември оваа година и ќе трае до 15 декември 2021 година во рамките на научноистражувачката програма „Адаптација-2020”. До крајот на следната година се планирани испитувања на авиомоторот во рамки на летачка лабораторија, односно на летало кое е наменето за реални истражувања и испитувања во лет.

Подоцна, во 2022 година, ќе биде подготвена техничката задача за изработка на цело семејство авиомотори со моќност од 200 до 500 коњски сили, наменети за лесни летала за различна намена. Се претпоставува дека авиомоторот изработен врз база на серискиот автомобилски мотор ќе биде поевтин од авиомоторите кои се произведуваат од нула.

Што се однесува до автомобилите Aurus, тие поседуваат мотор V8 од 4,4 литри со 598 коњски сили и електромотор со моќност од 62 коњски сили. Преносот се врши со деветстепен автоматски менувач КАТE од руско производство. Ваквиот погонски систем е веќе примент кај седанот и лимузината Aurus Senat, а во иднина ќе се користи и кај теренското возило Komendant.

Погледнете повеќе: Како изгледа однатре Путиновата лимузина Aurus? (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња