Според пишувањето на медиумите, на снимката, судејќи според сé, е пораниот прототип. Возилото нема задни светла, ауспухот не е довршен, а внатрешноста е упростена.
Како и другите возила од проектот „Кортеж“, теренецот Komendant го развива Научноистражувачкиот автомобилски и автомото институт. Ова теренско возило ќе биде опремено со 4,4-литарски V8 мотор од 598 КС. кој ќе работи во пар со електрични мотори од 62 КС, како и автоматски деветстепен менувач и погон на сите четири тркала.
Сериското производство на „претседателските“ автомобили Aurus е одложено за една година. Годинава е планирано производство на 28 возила, а следната година на 360. Во 2024 година производството ќе достигне 5274 автомобили.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче