Ка-52 „Алигатор“ доби комуникациска опрема каква што нема никој на светот

Ка-52 „Алигатор“

Ка-52 „Алигатор“

Виталиј Тимкив/Sputnik
Повеќенаменскиот јуришен хеликоптер Ка-52 „Алигатор“ ќе добие опрема која ќе му овозможи широкопојасна врска со сите други сегменти на руската армија. Уникатната опрема ќе обезбеди примопредавање на податоци со голема брзина, а ќе се одликува со висок квалитет и степен на отпорност на противелектронско дејство.

Тоа посебно се однесува на видео-податоците (висока резолуција) кои хеликоптерот ќе ги проследува до командните места и другите единици на фронтот. Ова значително ќе влијае врз зголемувањето на свесноста за ситуацијата, особено кај копнените единици на кои им  содејствуваат овие хеликоптери.

„Јуришниот хеликоптер „Ка-52“ во моментов е единствениот во светот кога е во прашање предавањето податоци кои патуваат со голема брзина. Покрај хеликоптерите наменети исклучиво за опремување на руската армија, истиот комплекс ќе биде поставен и на неговите извозни верзии“, изјави генералниот директор на АД „РТИ“ Павел Лаптаев за новинската агенција ТАСС.

Во овој радио-технички институт беше развиен и системот на широкопојасна радиолиниска врска „Бриз“. Овој комуникациски систем овозможува во реално време да се воспостави висококвалитетна видео-врска меѓу два хеликоптера, или хеликоптер и копнена командна станица, пренесува веб-порталот РГ.

Овие комплекси за широкопојасна врска овозможуваат пренос на податоци во реално време (она што пилотите го гледаат на своите уреди, тоа истовремено го гледаат и останатите субјекти кои се „закачени“ на оваа мрежа), но и зачуваните податоци од радарот и оптоелектронскиот систем на хеликоптерот. Покрај тоа, обезбеден е преглед од хеликоптерската кабина (широкопојасни камери), како и најважните параметарски информации што ги обработуваат системите интегрирани во хеликоптерот.

Целокупната апаратура се напојува со електрична струја од 150 вати и тежи помалку од 10 килограми.

Ка-52 „Алигатор“е борбено-извидувачки хеликоптер кој е наменет за борба против тенкови, оклопна и друга борбена техника, непријателска жива сила, хеликоптери и останати воздушни објекти, на предниот крај на одбраната и тактичката длабочина на фронтот, во сите временски и климатски услови. Опремен е со современа авионика која е во спој со респектабилно вооружување. Го движи  силен мотор са коаксијална елиса што на „Алигаторот“ му обезбедува одлични маневарски карактеристики кои вклучуваат изведување сложени летечки фигури. Покрај тоа, Ка-52 е опремен и со систем за радиоелектронска заштита, апаратура за намалување на топлотната  рефлективност, како и со средства за активна заштита од лесни преносни системи за ПВО.

Погледнете го видеото: Зошто Ka-52 „Алигатор“ e еден од најдобрите јуришни хеликоптери на светот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња